Свонси, после Ливерпул, го ’плесна’ и Арсенал, за бегство од дното

Свонси оствари извонредно значаен триумф над Арсенал (3-1) на домашен терен, покажувајќи дека претходната победа над Ливерпул не беше само случајност. Со овој триумф, Свонси побегна од дното на табелата во Премиер – лигата и сега има 23 бода. На овој дуел во дресот на „топчиите“ дебитираше Хенрик Мхитарјан, но и тој не успеа да му помогне на тимот на Арсен Венгер да го избегне поразот.

Начо Монреал го отвори резултатот во 33.минута, но Сем Клукас веќе во следниот напад успеа да израмни. Во вториот дел, Џордан Ајев по грубата грешка на Петр Чех во 61.минута го доведе Свонси во водство, а конечниот епилог го постави Сем Клукас со својот втор погодок.

Се вчитува...