Продолжува „распродажбата“ во Вардар – Цвијиќ заминува во Ѓер?

Пикерот на Вардар, Драгана Цвијиќ од следната сезона најверојатно ќе се пресели во унгарскиот Ѓер. Унгарските медиуми веќе го најавија трансферот на српската репрезентативка, само два дена по веста дека раководството на ЖРК Вардар на крајот до сезоната го крати буџетот и ги ослободува од обврските сите странски ракометарки.

Драгана Цвијиќ минатото лето од Будуќност дојде во Вардар како капитално засилување за „црвено-црните“ во поход на титулата во Лигата на шампионите. Покрај Цвијиќ од Вардар во Ѓер на крајот од сезоната ќе се пресели и голманката Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ е блиску до потпис со ЧСМ Букурешт, а Андреа Пенезиќ најави крај на кариерата. Интерес има и за другите вардарки, а моќните европски клубови деновиве настојуваат да профитираат од „распродажбата“ во Вардар.

Се вчитува...