Поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ, се соочува со нови проблеми. Невивачите на српскиот тенисер ги загрижи фотографијата на Ѓоковиќ од Швајцарија со бандажирана рака.
Србинот поради проблеми со лакотот го пропушти вториот дел од минатата сезона, а на теренот се врати на годинашниот Австралија Опен. И покрај „зеленото светло“ од докторите дека може без проблем да игра, Ѓоковиќ и во Мелбурн имал болки во лакотото и на крај беше елиминиран од Чанг со 3-0 во осминафиналето на првиот гранслем.
Во јавноста нема никакви официјални најави за евентуална нова пауза на Ѓоковиќ од настапите, но фотографијата што се појави на социјалните мрежи сериозни ги загрижи неговите навивачи. На фотографијата снимена деновиве во Швајцарија, десната рака на Ѓокобвиќ е завиткана во завои, што пак покрена лавина коментари и претпоставки за каква повреда станува збор.
Следниот настап на Ѓоковиќ според планот треба да биде во март на турнирот во Индијан Велс, доколку во меѓувреме нема некоја измена поради повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА