Денес, 01.02.2018, официјално се отвора пријавувањето за Авицена Женската трка 2018. Шесттата трка ќе се одржи во недела, 1. април и ќе стартува во 10 часот. Минатата година околу 1.500 натпреварувачки трчаа во Градски парк додатно зацврстувајќи ја Авицена Женската трка како синоним за здравјето и здравиот начин на живот.
Со денешното отворање организаторите за сите кои ќе се пријават овозможија до 4. февруари да го одберат својот омилен стартен број. Во првиот бран, кој трае до 15. февруари, котизацијата изнесува 150 денари, а самото пријавување завршува на 28.03.2018. Оваа година е приредено исклучително изненадување со тоа што трката ќе биде од уличен карактер и ќе се одржи на бул. Илинден во Скопје. За прв пат стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотoс на Бул. Илинден и ќе се трча по самиот булевар во еден круг од 2 км.
Стартниот пакет за Авицена Женска трка вклучува стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотарија и подароци од спонзорите.
Оваа година загревањето ќе биде пред платото на Фонтанa Лотoс таму по завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2018 може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Авицена Женска трка www.smartrace.club.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА