ЦСКА Москва го доби супердербито против Реал Мадрид во 21. коло Евро – лигата, со резултат од 93-87. Кошаркарите на Димитрис Итудис одиграа буквално го надиграа шпанскиот состав во поголемиот дел од средбата, со овој триумф ја продолжија серијата на пет победи во низа, зацврстувајќи се на врвот на табелата со 17 победи.
„Кралевите“ капитулираа уште на стартот на средбата, тоталната некоординираност на теренот ги чинеше дебакл во почетните 10 минути. ЦСКА „избега“ на плус 20 и практично го реши победникот во репризата од минатогодишниот двобој за трето место во Европа. До крајот на првото полувреме резултатот гласеше 54-31 во корист на домаќините.
Предводникот на Реал, Пабло Ласо успеа да ги мотивира своите играчи, па во третиот период екипата од Мадрид беше поефикасна и во одбрана и во напад, но рускиот состав успеа да одговори и задржи високата предност пред стартот на одлучувачата четвртина. Домаќините се наидоа на проблеми откако не можеа да реализираат цели пет минути, за тоа време Реал направи серија од 10-0, но Фриѕон погоди тројка во клучен момент и ги „скрши“ надежите на противникот. ЦСКА не дозволи шок пред своја публика, иако гостите „запнаа“ во последните минути и се погрижија поразот да не биде убедлив, но веќе беше касно за евентуален пресврт.
Токму екс-кошаркарот на Реал, Серџо Родригез го предводеше седумкратниот европски првак со 18 поени и пет асистенции, а како втор најефикасен се исткана Кори Хигинс со 16 поени. Лука Дончиќ со своите 21 поени не можеше сам да донесе победа за „кралевите“, додека Џејси Керол реализираше 16 поени.
Анадолу ефес оствари сигурна победа против Валенсија во втората денешна пресметка, со резултат од 82-66. Турскиот претставник доминираше во текот на целта средба, а најзаслужни за победата беа Ерика Меколум со 24 поени и Зоран Драгиќ со 18 поени. За гостите од Шпанија Ерик Грин и Тибор Плис беа најесикасните кошаркари со 18 поени, односно 10 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА