Алжирскиот интернационалец Ријад Махрез и во овој зимски преоден рок не успеа да го напушти Лестер, иако имаше можност во самата завршница од трансфер рокот да замине во лидерот Манчестер сити. Но, раководството на Лестер побара преголема отштета од „граѓаните“, по што трансферот пропадна.
Менаџерот на „лисиците“, Клод Пуел, вели дека Махрез наскоро пак ќе има насмевка на своето лице, иако тој не се појави на вчерашниот ден, а за тоа ќе биде казнет со 200.000 фунти.
„Такви работи се случуваат во фудбалот и потполно го разбирам Махрез. Беше на прагот на трансфер кој не се оствари. Но, мислам дека многу брзо повторно ќе има насмевка на неговото лице и ќе се врати на теренот во дресот на Лестер“, изјави Пуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА