Здравствената состојба на Новак Ѓоковиќ никако не се подобруваше во последните денови, па српскиот ас се реши да замине на операција, и тоа во клиника во непосредна близина на родното место на големиот ривал Роџер Федерер. Оваа информација ја објави швајцарскиот весник „Блик“, објавувајќи и фотографија од српскиот тенисер во клиниката „Мутенцер“ во Базел, со завој на раката.
Ѓоковиќ веќе подолго време се мачи со повреда на лакотот поради што паузираше шест месеци во 2017 година. Тој се пожали на идентичен проблем и за време на Австралија опен, па откако сите останати третмани не вродија со плод Новак на крајот реши дека ќе мора да замине „под нож“.
Во следните денови се очекува да биде обелоденета и точната дијагноза, како и лекарските проценки кога би можеле повторно да го видиме Новак Ѓоковиќ на тениските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА