Европскиот првак Реал Мадрид се врати во победнички ритам со двете убедливи победи во Ла Лига, дома против Ла Коруња (7-1) и на гости против Валенија (1-4), а вечерва (20.45 часот) ќе му гостува на Леванте, чиј член е македонскиот репрезентативец Енис Барди. Во составот на „кралевите“ за овој меч се враќаат и капитенот Серхио Рамос и играчот за врска Иско Аларкон. Во тимот е и Кристијано Роналдо, кој ги одработи двата последни тренинзи иако се жалеше на мала повреда на ногата.
„Реал Мадрид на секој натпревар оди на победа. Сакаме да продолжиме во ист стил како и на двата претходни натпревари, да се искачиме многу погоре на табелата во Ла Лига, и да се подготвиме максимално пред осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите против ПСЖ“, изјави тренерот Зинедин Зидан во пресрет на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА