Работнички се прошета во Битола, Кожув го победи Охрид

Работнички стигна и до 15.победа во Првата лига убедливо славејќи против Пелистер во Битола со 57-106. Уште по првата четвртина тимот од Градски Парк поведе со 20 поени предност (6-26), а потоа се беше само рутина за кошаркарите на Марин Докузовски.

Кожув го изненади Охрид во Гевгелија, победувајќи со 80-65. На полувремето гевгеличани водеа со 16 поени разлика (38-22), предност која домаќинот не ја испушти до самиот крај. Миладин Пековиќ постигна 20 поени, а едне помалку зад своето име запиша Петар Воркапиќ. Кај охриѓани, Рос Кенет беше најефикасен на средбата со 23 поени.

Фени индустри беше убедлив против Карпош Соколи и славеше со 106-79.

Се вчитува...