Арсенал убедливо го совлада Евертон со 5-1 и најави дека новиот напад предводен од Пјер – Емерик Обамејанг ќе биде страв и трепет во Премиер – лигата. Настрада одбраната на „карамелите“ која прими пет погодоци. Хет – трик постигна Арон Рамзи, а во листата на стрелците на дебито се запиша и Обамејанг.
Арсенал по само 20 минути игра водеше со 3-0. Два гола постигна Рамзи, а стрелаше и Кошиелни. До крајот на првиот дел и Обамејанг ја затресе мрежата на Евертон.
Калверт – Левин постигна почесен погодок за Евертон, а на крајот серијата голови ја затвори повторно Арон Рамзи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА