Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити по вчерашниот натпревар против градскиот ривал се пожалил на своите соиграчи дека бил навредуван од страна на капитенот на Еспањол, Серџо Гарсија. Гарсија употребувал подргни зборови нарекувајќи го Самуел „црнчиште“. Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот како еден од низата сукоби кои се случуваа во текот на тензичната пресметка, известуваат шпанските медиуми.
Жерар Пике се обидувал да го смири својот колега кој бил гневен, но потоа самиот Гарсија побарал од Умтити да му прости за грешката што ја направил.
Дисциплинска постапка против Гарсија нема да биде покрената бидејќи главниот арбитар ниту реагирал, ниту го забележал инцидентот во извештајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА