Градот Кавадарци и оваа година ќе биде центар на кошаркарските збиднувања од 16. до 18. февруари. Македонската кошаркарска федерација во спортската сала „Јасмин“ ќе го организира празникот на спортот со портокаловата топка – кошаркарскиот Куп.
Првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат 1-4 и 2-3, па така победникот од дуелот помеѓу Работнички и Карпош Соколи во првото полуфинале ќе се пресмета со победникот од дуелот Куманово – Гостивар. Во второто полуфинале ќе се надигрува победникот од Блокотехна – АВ Охрид со победникот од МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри.
ТАБЕЛА ПЛМ 11. коло
1. Работнички
2. Блокотехна
3. МЗТ Скопје Аеродром
4. Куманово 2009
5. Гостивар
6. Фени Индустри
7. АВ Охрид
8. Карпош Соколи
Во женската прволигашка конкуренција ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по истиот систем. Бадел 1862 во првото полуфинале ќе се надигрува со Струга 2009 додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Вардар и Пелистер за место во финалето.
- Бадел 1862
- Вардар
- Пелистер
- Струга 2009
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА