Јувентус еден месец без Матуиди

Јувентус скапо ја плати последната победа над Сасуоло откако беше обелоденето дека Блес Матуиди ќе паузира најмалку еден месец од фудбалските терени. Францускиот интернационалец мораше да биде заменет, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускул и пауза од најмалку триесет дена.

Ова значи дека екс-фудбалерот на ПСЖ ќе пропушти важни натпревари од домашното првенство, но и најмалку еден дуел од двомечот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Тотенхем. Тренерот Алегри се надева дека Матуиди би можел да се врати за реваншот на „Вембли“, закажан за 7 март. Во негово отсуство за очекување е шанса да добие Клаудио Маркизио, кој сезонава поголем дел од натпреварите ги почнуваше од клупата за резерви.

Првиот натпревар против Тотенхем ќе го пропуштат и Квадрадо и Дибала, а добра вест за Јуве е враќањето на Даглас Коста, кој поради повреда не настапи против Сасуоло.

Се вчитува...