Македонскиот фудбалски репрезентативец Дамјан Шишковски кариерата ја продолжува во Финска. Тој потпиша едногодишен договор со финскиот прволигаш Лахти, со опција и за продолжување на дополнителен период доколку двете страни се задоволни од соработката.
„Шишковски е квалитетен голман, со добар рефлекс и агилност на голот. Максимално е подготвен и верувам дека ќе биде наша добра аквизиција“, изјави тренерот на Лахти, Ари Корхонен.
Шишковски претходно беше интернационалец и во белгиски Гент, но таму не успеа да се избори за првотимски статус и се врати во Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА