Женската кошаркарска репрезентација на Македонија се подготвува за двата натпревари во рамки на квалификациите за Евробаскет 2019. Сениорките в сабота (20.45 часот) ќе ја нагостат селекцијата на Хрватска со која првпат ќе се пресметаат во рамки на евроквалификациите. Четири дена подоцна сениорките повторно ќе си ги одмерат силите со Италија, на гостински терен.
Вратите на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени за сите љубители на спортот со портокаловата топка кои ќе сакаат да ги поддржат македонските репрезентативки, а тие очекуваат поддршка од побликата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА