Светислав Пешиќ ќе биде предводник на кошаркарите на Барселона најмалку до крајот на оваа сезона, откако 68-годишниот српски стручњак ја прифати понудата на каталонскиот гигант на клупата на овој тим да го наследи Сито Алонсо.
Пешиќ важеше за прв „пик“ на Барса по врачениот отказ на Алонсо, проблем беше неговата здравствена состојба поради која две години беше надвор од тренерскиот занает, но трофејниот стручњак на крајот сепак ја прифати понудата за соработка до јуни, со можност истата да биде продолжена и за наредната сезона.
За Пешиќ ова е враќање во Барселона, тим во кој работеше од 2002 до 2004 година, период во кој каталонците стигнаа и до првата титула во Евролигата во својата историја.
Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека сите детали се договорени, а Пешиќ веќе утре ќе пристигне во Барселона, за в недела да го има својот камбек на клупата на овој клуб, на дуелот на домашен терен против Билбао. Претходно, Барса утре ќе одигра дуел од Евролигата на гостински терен против Макаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА