Поранешниот англиски решрезентативец, Гари Невил, е главен кандидат да биде прв тренер во историјата на Мајами, клубот кој неодамна го основа Дејвид Бекам, а кој од 2020 година ќе се натпреварува во американската МЛС лига.
Невил и Бекам играа заедно во Манчестер јунајтед и се блиски пријатели. Поранешниот десен бек има тренерско искуство како помошник во стручниот штаб на англиската репрезентација и како тренер на Валенсија.
Второ име што се споменува за клупата на Мајами е Фабио Капело, но ангажирањето на легендарниот италијански стручњак, сепак емалку веројатно.
Медиумите најавуваат дека Бекам за тренерското место во Мајами, би можел да разговара и со Полс Сколс и со Франк Лампард, но Гери Невил дефинитивно е кандидат број еден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА