Елмас се повредил против Гиресунспор, загриженост во Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, според пишувањата на турските медиуми, заработил повреда на вчерашниот реванш натпревар од четвртфиналето во Купот на Турција поради што мораше да го напушти мечот на Фенербахче против Гиресунспор во 79. минута.

Фенербахче и со втор идентичен триумф од 2-1, со вкупни 4-2, обезбеди пласман во полуфиналето на Купот, но во таборот на турскиот гигант остана загриженост поради повредата на Елмас.

Како што пренесуваат турските медиуми, Елмас принудно морал да го напушти мечот а по денешните детални прегледи ќе се знае и за тежината на повредата. Иако, според првичниот впечаток не би требало да се работи за сериозна повреда. Атаман, сепак, претпазливо го повлекол македонскиот репрезентативец од игра по добиениот удар во дуел со противнички играч.

Се вчитува...