Новак Ѓоковиќ по откажувањето од Австралија опен успешно ја мина операцијата на лакотот и веќе е во тренажен процес, па добра вест е што спрскиот тенисер набрзо ќе се врати на терените. Ноле го пријави своето учество на првиот овогодишен Мастерс 1000 турнир, Индијан велс, кој започнува од 8. март и ќе трае се до 18. март.
Поранешниот носител на АТП листата поради болки во лакотот се откажа од Австралија опен при самиот осминафинален меч против јужнокорејскиот тенисер Чунг, а по предвременото завршување на гренслемот замина под нож, што се покажа како вистинска одлука. Иако списокот за учество на Индијан велс се уште не е финален, одлуката на Ѓоковиќ треба да остане непроменета доколку продолжи да се опоравува.
Србинот во својата кариера пет патi го освојуваше овој Мастерс турнир, додека актуелен шампион и фаворит за трофејот е Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА