Директорот на АБА кажа убава вест за МЗТ: Последниот тим најверојатно нема да испадне

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром се наоѓа на дното на АБА-лигата и најверојатно ќе заврши како последнопласиран, но и тогаш нема да испадне од јадранското друштво. Причината е јасна, се работи за приватна лига во сопственост на клубовите, многу веројатно е следната сезона бројот на екипите повторно да биде зголемен на 14. Тоа значи дека последнопласираниот тим нема да испадне.

„Клубовите се сопственици и тие одлучуваат. Ќе разговараме за сите минуси и плусеви, за едниот и за другиот систем и ќе донесеме одлука што ќе биде најдобра за иднината на кошарката во регионот. Според пропозициите во овој момент, последниот тим би требало да испадне, но неофицијално се видат разговори да се ‘замрсне’ статусот на овие 12 клуба за една сезона. Се е тоа во облаци и ниеден службен разговор не е воден“, изјави директорот на АБА, Крешимир Новосел, во емисијата „Зона Цедевита“ на телевизијата „Спорт Арена“.

 

Се вчитува...