Лути ривали како политичари кои ги доведуваат своите земји на работ на војна, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, се појавија заедно на свеченото отворање на ЗОИ во Пјонгчанг што се одржа денеска.
Тие од самиот влез на стадионот го привлекоа вниманието на присутните, а потоа и следеа фотографии додека седеа на трибините. Секако, не станува збор за вистинскиот американски претседател и предводникот на Северна Кореја, но мора да се признае и дека „копиите“ се многу слични на оригиналните изданија на Трамп и на Ким Јонг Ун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА