Не е се до висината, има нешто и во техниката: Како Џордон ги реши кумановци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје стигна до лесна победа против Куманово во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига воден од најновото свое засилување, Американецот Џордон Крафорд.

Крафорд со своите 165 сантиметри (на прв поглед далеку од сериозни за практикување кошарка), дебитираше пред македонската публика на дуелот против Блокотехна во Гевгелија. Тогаш, и покрај тоа што повторно беше најефикасен во својот тим не успеа да му помогне да дојде до победа. Сега, со 21 поен ги водеше „металците“ до сигурен триумф против кумановци. Веројатно, само уште еднаш како да сакаше да потврди дека дури и во кошарката не е баш секогаш до висината. Има нешто и во техниката…

 

 

Се вчитува...