Кошаркарките по изненадување против Хрватска

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот, СЦ „Борис Трајковски“ го игра мечот од третото коло од квалификациите за ЕП. По почетните порази од Италија и од Шведска, нашите ракометарки вечерва за противник ќе ја имаат Хрватска, ривал што со малку спортска среќа и со поддршка од трибините би можелл да биде изненаден.

Хрватска не е непобедлива репрезентација. Доволно ја скениравме за да го знаеме тоа. Ние мораме да бидеме максимално сконцентрирани вечерва и да не дозволиме мислите да ни залутаат. Покрај повредите наш единствен пех е тоа што ние во изминатите три-четири години сме комплетно неактивни поради што немаме доволно искуство. Тоа не значи дека немаме квалитет за победа“ – вели селекторот Марјан Лазовски.

Исто како и на првите две средби, Македонија ќе биде без својата најдобра кошаркарка, Јелена Антиќ. За овој дуел „во аут“ е и Криси Гивенс, но затоа повикана е Американката Ешли Парис, а својот камбек ќе го има и Муса.

Се вчитува...