Во машкото финале на 1500 метри во брзо лизгање на кратки патеки големо изненадување приреди Јужкореецот Лим Хиојун, кој го освои златниот медал и го донесе првото одличје за домаќинот на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Со време од 2:10.485 минути, Лим Хиојун постави нов олимписки рекорд на оваа патека.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Сјинки Кнегт, кој ја мина патеката за време од 2:10.555 минути, а Русинот Семјон Јелистратов беше третопласиран (2:10.687 минути) и стигна до бронзата.
Бранителот на олимписката титула на 1500 метри, Канаѓанецот Чарлс Хамелин е казнет и остана без пласман во финалето, што им ја олесни задачата на новите медалисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА