По долгогодишни обиди Португалија сосема заслужено стигна до историската за себе европска титула во футсал.
Но, сето тоа од еден поинаков агол е интересно и поради начинот на кој Португалците стигнаа до трофејот. На „европските Бразилци“ им се случи токму истото како и на нивните фудбалски колеги на Европското првенство во Франција кога стигнаа до европската круна.
Португалија пред години во одлучувачките моменти остана без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо но стигна до европската титула. Синоќа, пак, футсал селекцијата на Португалија остана без феноменалниот Рикардињо кој беше најзаслужниот што неговата репрезентација стигна до финалето против Шпанија.
Португалците во клучните моменти останаа без Рикардињо но на крајот триумфираа со 3-2 благодарение на Бруно Куелјо кој синоќа беше херој, исто онака како што беше Едер пред две години за фудбалската селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА