Најголем број луѓе во изминатава деценија, повеќе од 400, ја напуштија Северна Кореја и допатуваа кај соседот во Пјонгчанг за да бидат дел од Зимските Олимписки Игри. Односите меѓу двете држави и натаму се крајно компликувани, но, сепак, спортистите од Северна Кореја добија дозвола да се натпреваруваат од својот лидер.
Иако се во Пјонгчанг, за нив се води строга контрола, пред се да не пребегаат. Повеќе од 40 тајни агенти, кои ги има и меѓу спортистите, тренерите, новинарите, официјалните лица, навивачите) се грижат за безбедноста на експедицијата која допатува од Северна Кореја. Ова не е теза на западните медиуми, туку е поткрепена и со изјавата на Ји Јунг-Ли, поранешниот севернокорејски спортист кој пребега и сега живее во Сеул.
„На секои 10 членови на репрезентацијата доаѓа најмалку по еден припадник на безбедносниот состав на Северна Кореја. Тие се меѓу новинарите, лекарите, па дури и спортистите и тренерите. Освен тоа, спортистите се комплетно подобни, тие се членови со кристално чиста партиска книшка и му се верни на лидерот. Тие имаат и малку поголеми права во земјата. Диктаторскиот систем така делува, води сметка за се“, открива Ји Јунг-Ли.
Токму поради овие силни безбедносни мерки, многу мали се шансите за спортист од Северна Кореја да пребегне и да не се врати во својата земја по завршувањето на ЗОИ во Пјонгчанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА