Наумоски останува на чело на МКФ

Петар Наумоски ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на Македонската Кошаркарска Федерација откако денеска беше изгласана доверба во неговата работа како предводник на куќата на кошарката.

Од вкупно 30 делегати со право на глас, Наумоски ја доби довербата на 16 од нив, со што и дефинитивно ги разреши сите дилеми околу продолжувањето на престојот како прв човек на МКФ.

 „Според преброените гласови, можам да констатирам дека 16 гласа беа за и 14 против“ – потврди Видоја Секуловски, член на Верификациската Комисија на денешното собрание.

 

Се вчитува...