Петар Наумоски го преживеа и вториот обид за смена, а веднаш потоа актуелниот претседател ги „тушираше“ своите противници, изгласувајќи на собранието точка со која не може повторно да се гласа за негова смена во следните две години.
„Од прости причини што ова раководство во овие неполни три години се соочува со притисок за смена, разноразни лобирања и превирања – од тие причини барам точка за гласање за во текот на мандатот на претседателот, рокот за барање од една до друга смена на претседател да биде минимум две години. Така раководството би било ослободено од притисоци, за да може да си ја врши својата работа. Ова се однесува за мене, но и за сите идни претседатели и раководства на МКФ“ – изјави Наумоски.
И ова гласање, исто како и она за претседател, мина со 16 гласа за поддршка на актуелниот претседател, со што Наумоски доби „мир“ до крајот на овој мандат без никакви пречки да ја извршува својата функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА