Нема крај на проблемите за натпреварувачкиот дел во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Поради силниот ветар и ниските температури, по машкиот спуст утрово беше откажан е и женскиот велеслалом.
Брзината на ветерот денеска изнесувала и од 80 километри на час, a температурата и до – 20 степени Целзиусови, поради што организаторите едноставно не можеа ниту да помислат на било каков натпревар.
? WOW! ?
60kmph gusts ✔
Temperatures below minus 30 ✔
No wonder the women’s giant slalom was postponed! pic.twitter.com/EhkM1o9go8
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) February 11, 2018
Исто како и спустот, и велеслаломот сега е презакажан за 15. февруари во четврток. Според новиот распоред на организаторите првата трка од женскиот велеслалом ќе биде од 01:30 часот по македонско време на 15. февруари, од 03 часот ќе биде машкиот спуст, а од 5:15 часот и втората трка од велеслаломот за жени.
Според распоредот, следната скијачка трка на ЗОИ треба да биде утре машката комбинација, доколку и за тоа има услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА