Македонските атлетичари учествуваа на БП за младинци во сала

Изминатиот викенд се одржа Балканско атлетско првенство за младинци во сала, во Софија, Бугарија, на кое Македонија во друштво на 17 држави од Балканот зеде учество со 7 атлетичари. Нашите атлетичари се натпреваруваа во дисциплините жени – (60 метри, 400 метри, 800 метри, скок во височина, скок во далечина и штафета 4х400 метри) и мажи – (60 метри, 60 метри со пречки и 1500 метри). Како официални лица – тренери со репрезентацијата отпатуваа селекторот Ѓорѓи Вучков, тренерите Филип Колевски и Божурка Ѓошевска, а постигнати се следните резултати :

Милан ВЕЉКОВИЌ 60 метри – 7.27 (14. место) и 60 м пречки – 8.62 (10. место )

Иван ТИМЧЕВСКИ 1500 метри – 4:16.27 (9. место )

Јана МИТОВСКА 60 метри – 7.96 (10. место )

Ајше ХАЛИЛИ 60 метри – 8.19 (13. место)

Марија ЈОВАНОВСКА 400 метри – 62.90 (13. место )

Анеса ХАЈДАРИ 800 метри – 2:26.16 (10. место)

Бесијана МУСТАФА скок во височина – 150 см (11. место) и скок во далечина – 4.78 см (10. место)

Јана МИТОВСКА
Ајше ХАЛИЛИ Штафета 4х400 метри – 4:20.70 (5. место )
Анеса ХАЈДАРИ
Марија ЈОВАНОВСКА

Се вчитува...