По киксот на спринтерската трка, еден од најдобрите светски бијатлонци Французинот Мартин Фуркад конечно свој на своето. Фуркад стигна до златниот медал на 12,5 километри – пурсуит.
Фуркад трката ја заврши со време 32 минути и 51 секунда, пред Швеѓанецот Самуелсон кој го освои сребрениот медал со 12 секунди заостанување. Бронзата замина на градите на Германецот Бенедикт Дол кој имаше 15,1 секунди заостанување зад олимпискиот шампион.
Ова е втор златен медал за Франција на Зимските олимписки игри досега, а имаат и една бронза. Најуспешна досега нација е Германија со 4 златни медали и 2 бронзени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА