Црвена звезда рутинирано против Задар, Лазиќ рекордер

Црвена звезда славеше рутинирана победа против аутсајдерот Задар со резултат од 96-67, за комплетиране на 20. коло во АБА – лигата. „Црвено – белите“ наидоа на мали проблеми при самиот старт на средбата, но во продолжението го искористија своето искуство и потполно доминираа над хрватскиот состав.

Капитенот на белградскиот тим, Бранко Лазиќ го забележа својот 430. настап во дресот на српскиот и јадранскиот шампион, и така се запиша во историјата на клубот како играч со најмногу настапи. Звезда со победата воедно се врати на врвот на табелата во регионалното натпреварување со освоени 37 бода, на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Фелдин и Омиќ беа најзаслужните играчи во составот на Алимпијевиќ, и двајцата реализираа по 14 поени, додека Лесор застана на 13 поени. За гостите од Задар најефикасни беа Крајина и Нолс со 16, односно 10 поени.

 

Се вчитува...