Јапонскиот натпреварувач во брзо лизгање, Кеи Саито, е првиот олимпиец кој доби суспензија за настап на ЗОИ во Пјонгчанг, откако неговиот допинг – тест се покажа позитивен. Во неговата крв е откриена супстанцата „ацеталозамид“. Тој доби автоматска забрана за натпреварување од Меѓународниот суд за арбитража во спортот во Лозана.
Со оглед дека Саито се уште нема настапено на Игрите, нема потреба и за поништување на негов резултат. Но, тој доби суспензија и ќе мора да ја мине редовната процедура за доставување на Б-примерок, доколку се сомнева во лабораторискиот наод. Дотогаш нема да смее да се натпреварува.
„Шокиран сум, затоа што никогаш не сум употребувал недозволени супстанци. Ја минав и антидопинг обуката, никогаш не сум користел стероиди. Исто така, никогаш не сум загубил килограми поради наведните лекови. Сакам да ја докажам својата невиност“, изјави Кеи Саито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА