Рускиот скијач Павел Трихичев (25) пренесен е во болница во Пјогчанг, по бруталната несреќа што ја доживеа во трката во олимписката трка во алпска комбинација.
Русинот е првата жртва на лошите временски услови на олимписките патеки во Пјонгчанг проследени со силен ветар и екстрено ниски темератури. Поради ветрот, Трхичев изгуби контрола на скиите, удри во една од „капиите“ на патеката, по што имаше тежок пад низ стрмнината и заврши во заштитната мрежа крај патеката.
По тешкиот пад, Русинот веднаш беше пренесен во болница, но за среќа заврши само со полесни повреди, неколку модринки и посекотина на лицето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА