Довчерашниот чувар на мрежата на прилепска Победа, Давор Талески и официјално е промовиран во својот нов клуб, финскиот прволигаш Хонка.
Талески се договори со Финците за соработка до јануари 2019 година, со можност за продолжување потоа на уште една година.
„Чест ми е што доаѓам во еден ваков клуб. Се се случи навистина многу брзо. Кога менаџерот ми кажа дека имам понуда од Хонка ја прифатив без размислување“ – вели Талески.
Ова е прво интернационално искуство за македонскиот голман кој досега во својата кариера настапуваше за Металург и за Победа во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА