Соединетите Американски Држави станаа втората земја во историјата со освои 100 златни медали на Зимските Олимписки Игри. Пред нив е само Норвешка со 121, а во грбот им гледа Германија со 92. Сноубордерот Шон Вајт го донесе јубилејното златно одличје, кое е четврто за Американците во Пјонгчанг.
Шон Вајт стигна до својот трет олимписки медал, прв од 2010 година. Тој беше најдобар во дисциплината халф пајп, со резултат 97,75. Сребрениот медал го освои Јапонаецот Аруму Хирано, а третопласирам беше Скоти Џејмс од Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА