Тричковски погоди за АЕК Ларнака во Купот на Кипар

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на погодок за својот тим АЕК Ларнака во триумфот (1-2) на гости против Арис во Купот на Кипар. Ова беше реванш – осминафинален меч, а АЕК Ларнака и првиот дуел го доби со убедливи 4-0.

Тричковски погоди во 32.минута и во тој момент израмни на 1-1, откако претходно Марагудакис го доведе Арис во водство. Победничкиот погодок беше дело на Русиас. Един Нурединоски, кој брани за Арис, овојпат не беше на голот на домаќините, а не настапи ниту Даниел Мојсов за АЕК Ларнака.

Се вчитува...