ФИФА погдотвува промени во во фудбалот со кои ќе се стави крај на мулти-милионските трансфери и огромните заработки од истите. По примерот на НБА, светската фудбалска федерација ќе направи големи промени на неколку полиња, а меѓу најважните се: да се скратат преодните рокови, да се намалат сумите на трансферите, а исто така да се ограничат и злоупотребите на фудбалските агенти кои заработуваат екстермно многу при реализирање на големи трансфери.
Поради неможностите да се воведе „салари-кап“, ќе биде воведено ограничување на платите на играчите, како и провизијата на агентите кои во последниве неколку години заработиле околу 500 милиони евра, во однос на клубовите кои се труделе да создадат врвни играчи од своите академии и при тоа инкасирале само 60 милиони евра.
Инфантино планира да воведе и скратување на предоните рокови, со тоа што тимовите ќе мора купуваат или продаваат играчи пред почетокот на шампионатот. Тоа значи дека летниот преоден рок би траел до почетотот или средината на август месец, непосредно пред почетокот на првенствата. Што се однесува за зимскиот преоден рок, ќе биде воведено правило според кое клубовите ќе можат да купат ограничен број на играчи во јануари. Клубовите не ќе можат да доведат повеќе од два играчи, а тоа значи дека ќе нема комплетно „реновирање“ на составите на половина од шампионатот.
Исто така ќе биде намален и бројот на професионалци во тимот, односно секој клуб ќе може да регистрира 25 играчи кои ќе учестуваат во првиот тим (Вакво правило користат Премиер – лигата и Серија А, како и Лигата на шампиони заедно со Европа лигата).
Новите правила ќе бидат од корист за финансискиот фер-плеј. Клубовите не ќе можат да трошат 80% од приходите на засилувања и плати, а заработките на играчите ќе бидат ограничени според приходите на клубовите. Така ќе се зголеми бројот на играчи во првите тимови кои потекнуваат од младинските категории на клубовите.
Инфантино смета дека американските професионални спортови нудат најпоштен начин на работа, како и рамноправност и натпреварувачки квалитет за секој клуб поединечно. Доколку се спроведат овие правила ќе се сменат многу работи во „прекрасната игра“, а најголемите потрошувачи ќе бидат приморани да ги сменат своите системи на работа. Ќе вложуваат повеќе средства во своите академии, додека од друга страна, при евентуални ангажмани на млади играчи нивните матични клубови ќе добиваат поголеми обештетувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА