Пике на „дисциплинска“ поради прославата на голот против Еспањол

 Комисијата за натпреварување во Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) покрена постапка против фудбалерлот на Барселона Жерар Пике, поради начинот на кој го прослави голот во натпреварот со Еспањол.

Тој после голот во 82.минута за 1-1, стави прст преку устата и го замолкнуваше РЦДЕ стадионот, па потоа истрча кај навивачите на Барселона на теренот на градскиот ривал.

Шпанските медиуми известуваат дека надлежната Комисија покренала „затворена постапка“, а Пике би можел да буде казнет со суспензија на неколку натпревари.

Се вчитува...