Германскиот бундеслигаш Лајпциг го изненади Наполи на гости и славеше со 1-3 во првиот меч од почетниот стадиум на нокаут фазата во Лигата на Европа. „Наполитанците“ сега ќе имаат многу тешка задача да возвратат на реваншот во Германија. Адам Оунас прв го доведе Наполи во водство, но Тимо Вернер со два гола и Брума зададоа силен контра-удар.
Атлетико Мадрид веќе си осигура пласман во следната фаза, со оглед дека го победи Копенхаген на гости со 1-4. Саул. Гамеиро, Гризман и Витоло стрелаа за „јорганџиите“, а Фишер прв погоди за данскиот тим.
Селтик со голот на Калум Мекгрегор во 78. минута го совлада Зенит со 1-0, а ФЦСБ, поранешна Стеауа, со идентичен резултат славеше против Лацио.
Во Белград, Партизан поведе со голот на Тавамба против Плзен, но чешкиот тим израмни во 81.минута преку Радим Режник. Лион го совлада Вилјареал со 3-1.
Лига Европа: АЕК Атина – Динамо Киев 1-1, Селтик – Зенит 1-0, Копенхаген – Атлетико Мадрид 1-4, ФЦСБ – Лацио 1-0, Лион – Вилјареал 3-1, Наполи – Лајпциг 1-3, Партизан – Плзен 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА