Македонскиот знаменосец Ставре Јада ги заврши своите настапи на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, освојувајќи го 99. место на трката во крос-кантри на 15 километри.
Јада, откако заврши на последното место од пристигнатите нордијци на спринтот, денеска истрча со време од 42:14.2 минути на трката на 15 километри доволни за 99-та позиција меѓу вкупно 119 нордијци колку што се најдоа на патеката. Од нив двајца не успеаја да ја завршат трката а еден беше дисквалификуван.
Златниот медал го освои Швајцарецот Дарио Колоња со време од 33:43.9 минути пред Норвежанецот Симен Кругер кој заостана 18,3 секунди, додека бронзата ја освои Русинот Денис Спицов со 23 секунди заостанување зад победникот.
Последен македонски олимпиец кој ќе настапи на ЗОИ во Пјонгчан е скијачот Антонио Ристевски кој ќе се појави на слаломската трка на 22. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА