Гостиварци по брза постапка најдоа решение под обрачите

Гостивар експресно најде замена за Немања Мишковиќ кој вчера го напушти прволигашот, на негово место пристигна Таварион Никс. Американецот веднаш ќе биде достапен за тренерот Марјан Србиновски и се очекува да биде во комбинација за вечерашниот дуел со Куманово во рамките од четвртфиналето од Купот на Македонија.

Никс игра на позицијата крилен центар, но може да ги извршува задачите и како класично крило, што значи дека Гостивар добива на флексибилност во составот и пред се, цврстина под обрачите.

Никс кон почетокот на оваа сезона го носеше дресот на Лидс форс каде одигра 15 натпревари на кои остваруваше просек од 15.7 поени и 8.8 скока по натпревар, а кратко време се задржа и во кипарскиот тим на Ета каде одигра само три натпревари.

 

Се вчитува...