Роџер Федерер уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер на сите времиња, уривајќи нов рекорд во светот на овој спорт, овојпат како највозрасен играч што се искачил на врвот на АТП-листата. Ова за Роџер е камбек на врвот каде последен пат се наоѓаше во 2012 година, воедно со 36 години тој стана највозрасен „рекет број еден“ во историјата на тенискиот спорт, надминувајќи го Андре Агаси.
Тој во денешното четвртфинале во Ротердам успеа да слави над Хасе со 2-1 во сетови, а самиот пласман во полуфиналето му донесе на Федерер прескокнување на Рафаел Надал и искачување на првото место.
Хасе го изненади Федерер во првиот сет, користејќи ја првата и единствена брејк шанса што му се укажа за водство од 4-6. Сепак, тоа беше се од Холанѓанецот, бидејќи швајцарскиот великан потоа презеде тотална контрола, правеше брејк на првите сервис гемови на противникот и го сврте резултатот во своја полза со 6-1, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА