„Кралот на тенисот“, Роџер Федерер – Годините се само бројка, класата е вечна

Најголемиот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, уште еднаш ја покажа својата величина. Влезе во легендите со уште една тениска приказна за историја, станувајќи највозрасниот тенисер кој се вратил на првото место на АТП – листата, со 36 години и 195 дена, надминувајќи го Андре Агаси.

Рекордерот по бројот (20) на освоени гранслем титули со пласманот во полуфиналето на турнирот во Ротердам го направи решавачкиот чекор за да го симне од врвот Шпанецот Рафаел Надал. Тенискиот свет, но и воопшто целата светска спортска јавност, се воодушевува.

„Роџер продолжува да испишува историја“, се огласи Борис Бекер. Но, честитаа сите, а легендарната тенисерка Били Џин Кинг, можеби и најдобро ја отслика големината на Федерер.

„Годините не се ништо, само бројка! Честитки“, напиша на социјалните мрежи Били Џин Кинг, која во своите витрини има 12 гранслем титули, од кои шест од Вимблдон.

 

 

Се вчитува...