Најдобриот германски клуб Баерн Минхен и натаму продолжува со победите во Бундеслигата славејќи со пресврт од 1-2 (1-0) на гостувањето против Волфсбург во 23. коло.
Претходно последен пат кога Баерн не победил во Бундеслигата беше на 25. ноември минатата година кога со 2-1 загуби од Борусија Менхенгладбах. Од тогаш трае феноменална низа со 10 едноподруго победи.
Домашните дојдоа до предност со голот на Дидави во 8. минута, а Баерн израмни Вагнер во 64. минута. Претходно, Робен во 55. минута не реализираше пенал за гостите. Но, триумфот следеше во 91. минута со удар од белата точка, но овој пат прецизен беше Левандовски.
Wolfsburg 1-1 Bayern Munchen (Wagner) pic.twitter.com/zSxr0iLvJs
— KingOfGif (@Gif2foot) February 17, 2018
РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО
Волфсбург – Баерн Минхен 1-2
Келн – Хановер 1-1
Фрајбург – Вердер 1-0
Хамбургер – Баер Леверкузен 1-2
Шалке 04 – Хофенхајм (18:30 ч.)
ТАБЕЛА: Баерн Минхен 59 бода, Лајпциг(-1) 38, Баер Леверкузен 38, Борусија Д.(-1) 37, Ајнтрахт Ф.(-1) 36, Шалке (-1) 34, Хановер 32, Аугсбург(-1) 31,…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА