Пандев е лек за „бившите“: По Лацио го поздрави и Интер! (ВИДЕО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев продолжува со одличните игри во Серија А, посебно кога се работи за пресметките против своите поранешни клубови.

Откако стрелаше против Лацио, македонскиот репрезентативец погоди и во 25. коло вечерва пред домашната публика на мечот за Џенова против Интер. Пандев во 59. минута од средбата доби топка на околу 12 метри и прецизно стрелаше ниско по земја за водство од 2-0 на Џенова…

Претходно, во првото полувреме, во 11. минута, Горан Пандев можеше да постигне уште еден гол но гредата го спаси голот на Хандановиќ по неговото нафрлување од околу 40 метри…

Се вчитува...