Арсен Венгер минатото лето потпиша нов двогодишен договор како менаџер на Арсенал, но разочарувачките резултати во новата сезона придонесоа иднината на францускиот стратег на „Емирати“ повторно да биде крајно неизвесна. Како што јавува весникот „Дејли мејл“, главниот акционер Стен Кренке ја признал грешката со новиот договор за Французинот и веќе ја почнал потрагата по нов стратег што би пристигнал летово.
Воедно, Стенк Кренке го испратил својот син Џош на тримесечна работна посета во Лондон, со јасна цел да се запознае со клупската структура и да го подготви највисокото раководство за крајот на ерата на Арсен Венгер. Џош Кренке е претседател на НБА-клубот Денвер нагетс и на Колорадо авеланш во НХЛ-лигата, зад себе има богато искуство во спортскиот менаџмент, но и самиот не крие дека Арсенал ќе му биде сериозен предизвик.
Доколку не се случи чудо, па Арсенал успее да стигне до место во ЛШ, Венгер ќе си замине на крајот на сезонава, а во игра за негов наследник се неколку врвни стручњаци, Карло Анчелоти, Диего Симеоне, Томас Тухел…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА