ВИДЕО: Никој не смее да го отпишува Пелистер – Трифуновски со евро-гол ја реши драмата во Битола!

Малку кој, по големите промени во клубот изминатава сезона, сметаше дека Пелистер ќе може успешно да парира пролетва на прволигашката сцена… Но, Марјан Секуловски со своите момци по само две кола од пролетта веќе покажа дека никој нема да може предвреме да го отпишува Пелистер.

Тоа „зелените“ го потврдија и со денешниот триумф од 3-2 против Работнички во Битола. И тоа во меч со бројни пресврти и на крајот прекрасен гол на Иве Трифуновски во 86. минута за конечна победа.

„Романтичарите“ брзо со голот на Христијан Кировски уште во 3. минута дојдоа до предност…

Но, потоа во само четири минути, од 23. до 27. минута, Борче Маневски од пенал израмни а Илијовски донесе предност за Пелистер од 2-1.

И, во финишот следеше драмата. Во 83. минута Гофри израмни за Работнички на 2-2, но во 86. минута Иве Трифуновски постигна убав гол од 20 метри за конечни 3-2.

 

Се вчитува...