Едина Муса, која беше прогласена за накорисна кошаркарка во женска конкуренија во рамките од Купот на Македонија, по финалето истакна дека успехот на „вардарки“ се базираше на тимската игра. Репрезентативката на Македонија посакува славје и во домашниот шампионат за спојување на двата трофеи.
„Искрено, очекував да славиме убедлива победа, бидејќи уште од самиот почеток на Купот ние бевме многу мотивирани да ја одбраниме титулата. Се фокусиравме на тимска игра, знаевме дека само така ќе стигнеме до посакувана цел. Јас и Славица како поискусни моравме да се покажеме во најдобро светло, но останатите еднакво придонесоа, секоја од нив има заслуга за успехот кој го остваривме. Наша следна задача е да се фокусираме на првенството и да дадеме се од себе да ги соединиме трофеите “, истакна Муса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА