Салата „Јасмин“ во Кавадарци е среќна за кошаркарките на Вардар, кои втора година по ред успеваат да се закитат со трофејот во Купот на Македонија.
И доколку лани битката со „баделки“ беше тешка и неизвесна, годинава финалето неочекувано мина во апсолутна доминација на „црвено-црните“, кои го декласираа големиот ривал. Тренерот Дамњановски ги искористи двата првенствени порази за дополнително да ги мотивира своите избранички, чија фанатичност во одбраната беше клучен фактор на патот до овој трофеј.
Тактичката битка беше добиена од страна на „црвено-црните“, Бадел немаше одговор за играта на „вардарки“, а денешното финале воедно е и добра најава за битката за титулата во првенството што ќе следи за неколку месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА